
Компанијата „Имлек“ продолжува со вложување во обнова и модернизација. Овој пат инвестицијата вредна 700.000 евра е наменета за нови возила за собирање и превоз на суровото млеко.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Имлек" продолжува со вложување во обнова и модернизација. Овој пат инвестицијата вредна 700.000 евра е наменета за нови возила за собирање и превоз на суровото млеко.
Набавката опфаќа купување на четири најсовремени камиони и три приколки. Напредните карактеристики и безбедносни системи на новите возила ќе овозможат ефикасно собирање и сигурен превоз на суровото млеко, од кое се прават производи со врвен квалитет, соопштија од компанијата.
Освен тоа, како што истакнуваат од „Имлек", сите возила ги задоволуваат строгите хигиенски стандарди, а опоремени се и со најмодерни компјутерски системи за преземање и мерење на млекото. За подобро контролирање на целиот транспортен процес, едно од купените возила поседува и систем ГПРС, кој овозможува директен пренос на податоците преку кои во реално време се следат работата и перфомансите на системот .