
Компанијата „Имлек“, кон крајот на октомври, потпиша договор за купување на сто проценти од сопствеништвото на „Нишка млекара“, една од најголемите во јужна Србија.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Имлек", кон крајот на октомври, потпиша договор за купување на сто проценти од сопствеништвото на „Нишка млекара", една од најголемите во јужна Србија.
Со купувањето на „Нишка млекара", „Имлек" ќе ја зајакне позицијата на пазарот во јужна Србија, а ќе го осовремени и унапреди работењето на компанијата. По преземањето, планирани се и многубројни инвестиции, за да се приспособат производствените процеси од млекарницата во Ниш, на стандардите на „Имлек". Оваа аквизиција претставува реализација на нашите планови за унапредување и ширење на работењето на компанијата, изјави Илија Шетка, генерален директор на „Имлек".
Како што соопштуваат од компанијата, тие планираат да го унапредат производствениот процес на „Нишка млекара" и да го унапредат нејзиниот најпознат бренд – Vedro.
Инаку, „Имлек" работи и на регионалните пазари во Босна и Херцеговина, Македонија и во Црна Гора.
„Имлек" е една од компаниите со најдолга традиција, препознатлива по производи со највисок квалитет и постојани вложувања во модернизација на производството и во работењето, истакна „Имлек".