
За да го унапреди работењето на кооперантите, „Имлек“ вложи повеќе од половина милион евра за нова опрема за складирање и за зачувување на квалитетот на суровото млеко.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
За да го унапреди работењето на кооперантите, „Имлек" вложи повеќе од половина милион евра за нова опрема за складирање и за зачувување на квалитетот на суровото млеко.
Како што беше соопштено од компанијата, набавката вклучува лактофризи со различен капацитет – од тие што се наменети за големите системи со волумен од 10.000 литри, помали од 6.000, 4.000, 3.000 и 1.000 литри, до најмалите од 120 литри, кои ги задоволуваат потребите на малите производители на млеко.
Од „Имлек" истакнуваат дека новата разладна опрема ќе овозможи поефикасно одржување на квалитетот на суровото млеко и на тој начин во голема мера ќе го олесни и дополнително ќе го унапреди целокупниот процес на производство на млечните производи.
Работиме во согласност со европските стандарди, чиишто строги критериуми укажуваат на неопходноста од употребата на најсовремени лактофризи. Партнерските односи со сточарите, нивната едукација и финансиската поддршка, како и инвестициите што „Имлек" континуирано ги вложува во иновации во сопственото производство и преработка на млеко, претставуваат уште една потврда за репутацијата на регионалниот лидер во млечната индустрија, изјави Дарко Самарџија, директор на производни операции во млекарницата.