
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Истражувањето за почитувањето на прописите за декларирање на производите во Србија и ЕУ, како и користењето на нутритивните и здравствените изјави на прехранбените производи и суплементи на пазарот во Србија, спроведено од страна на IHIS Nutricionizam во маркетите во Србија, покажа дека 21 отсто од декларациите на прехранбените производи не се во согласност со прописите.
Истражувањето за почитувањето на прописите за декларирање на производите во Србија и ЕУ, како и користењето на нутритивните и здравствените изјави на прехранбените производи и суплементи на пазарот во Србија, спроведено од страна на IHIS Nutricionizam во маркетите во Србија, покажа дека 21 отсто од декларациите на прехранбените производи не се во согласност со прописите.
Истражувањето е спроведено на 2.500 прехранбени производи поделени во девет категории: масло и маргарини, леб и печива, житарици за појадок и т.н специјални производи (производи наменети за потрошувачите со посебен начин на исхрана).
Резултатите од истражувањето покажуваат дека 66 отсто од декларациите можат да се најдат на производите во продавниците во Србија како и во маркетите во ЕУ. Она што најмногу збунува е фактот што дури 21 отсто од сите испитани производи не се во согласност ниту со српските, ниту пак со европските прописи, односно не ги објаснуваат квалитетот на производите на соодветен начин. На 10 отсто од декларациите се гледа дека во Србија вредноста на внесените витамини и минерали не се во согласност со правилата на ЕУ, но се во согласност со оние во Србија, додека останатите 3 отсто од декларациите, укажуваат дека увозниците на храна не ги почитуваат правилата за декларирање во Србија, но тие производи се во согласност со прописите во ЕУ.
Во истражувањето е утврдено дека најмногу декларирани производи има во категоријата на т.н „специјални производи", во млечните производи и безалкохолните пијалаци.
IHIS Nutricionizam е дел од IHIS научно-технолошкиот парк Земун, што работи на креирање на збогатените преханбени и функционални производи и на производителите им овозможува стручна помош во декларирањето на производите според стандардите на ЕУ со цел заштита на потрошувачите.