
Во Ниш, кон крајот на април отворен е новиот објект на „Идеа супер“, во рамките на рител-паркот „Стоп.Шоп“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во Ниш, кон крајот на април отворен е новиот објект на „Идеа супер", во рамките на рител-паркот „Стоп.Шоп".
Новиот објект се простира на продажен простор од 1.500 квадратни метри и на сите потрошувачи им нуди широка понуда на производи, за да се овозможи квалитетно купување на едно место.
Годинава „Идеа" одбележува пет години од почетокот на кампањата „Ниш во срце". По тој повод сакавме на жителите да им подариме нова продавница со супер формат, каде на потрошувачите на располагање им се свежо овошје и зеленчук, богата понуда на свежо месо и печива. Освен производите за секојдневна употреба, потрошувачите може да купат производи за домаќинството, мали апарати, текстил и сл., рече Слободан Титин регионален директор за јужниот дел на Србија.
За првите купувачи „Идеа" подготви многубројни изненадувања, промоции, акции, дегустации и намалувања на производите. Најмалите можеа да уживаат во забавата со кловн и низ игра да научат нешто повеќе за историјата на продавниците.