
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Од трговскиот синџир „Идеа“ соопштуваат дека на сите свои потрошувачи им нуди можност, преку своите мобилни паметни телефони или преку компјутерите, да нарачаат производи. „Идеа“ нуди 20.000 производи што може да се нарачаат преку инетрнет.
Од трговскиот синџир „Идеа" соопштуваат дека на сите свои потрошувачи им нуди можност, преку своите мобилни паметни телефони или преку компјутерите, да нарачаат производи. „Идеа" нуди 20.000 производи што може да се нарачаат преку инетрнет.
Купувањето со достава на домашната или до избраната адреса, можно е преку нарачаување на производи од онлајн-продавиците на „Идеа" во Белград, Нови Сад и Ниш.
Во кој било период од денот или од ноќта, 24 часа на ден, онлајн-продавницата „Идеа" прима нарачки и ги доставува производите во наведениот термин.
Купувачите можат да го изберат начинот на плаќање, кое може да се изврши при преземањето на производите, со картичка како и со чекови без одложено плаќање. Доставата е бесплатна, а со оваа можност, сите купувачи можат да остварат дополнителна заштеда собирајќи бодови преку „Супер картичката".