
По повод отворањето на новата ексклузивна продавница „Идеа Лондон“ на 5 март, се одржа фестивалот „Лондон во Белград“. Повеќе од 67.350 посетители имаа можност да уживаат во големата забава и во богатата програма.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
По повод отворањето на новата ексклузивна продавница „Идеа Лондон" на 5 март, се одржа фестивалот „Лондон во Белград". Повеќе од 67.350 посетители имаа можност да уживаат во големата забава и во богатата програма на белградската улица „Крал Милан", каде што е лоцирана продавницата.
Првата „Идеа Лондон" во Белград, со изгледот и со услугата, има мисија да го долови амбиентот на купување во Лондон. Од компанијата велат дека продавницата, која се наоѓа на локација што е добро позната за сите белграѓани, ќе биде поинаква од сите продажни објекти во градот. Таа е наменета за сите што го сакаат урбаното, различното и модерното, а традиционалните англиски производи, пивата со најдобар квалитет, чаевите и бисквитите, се само дел од богата понуда.
Необичниот асортиман со најдобрите англиски производи, уникатно отсликаниот ентериер, вработените со униформи кои се дело на познат српски дизајнер, како и лондонските телефонски говорници, кои потрошувачите ќе може бесплатно да ги користат, се само некои од интересните детали за посетителите, соопштуваат од компанијата.