
Заедничка хуманитарна кампања меѓу „Нелт“ и „Бинго“, со слоганот „Glade зимска магија во секој дом“ има цел да обезбеди донација за училиштето за скиање и терапевтско јавање за децата од СОС Детското село во Сараево.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Заедничка хуманитарна кампања меѓу „Нелт" и „Бинго", со слоганот „Glade зимска магија во секој дом" има цел да обезбеди донација за училиштето за скиање и терапевтско јавање за децата од СОС Детското село во Сараево.
Со донација во вредност од 1.000 КМ, „Нелт" и „Бинго" сакаа да обезбедат магични зимски денови за децата од 15 сараевски СОС семејства.
Купувачите на мирисливите свеќи Glade ја поддржаа кампањата која траеше од 11 декември 2017 година до 14 јануари годинава. Татјана Пауноски, раководител на одделот за маркетинг на „Бинго" и Мирјана Комленовиќ, специјалист за трејд-маркетинг во „Нелт" го врачија чекот со донации на директорот на програмските локации, Фарис Њемчевиќ.
И „Бинго" и „Нелт" се вистински пријатели на СОС Детското село, кои со редовни парични и донации во производи, дополнително овозможуваат поддршка во подготовката на младите за потребите на пазатот на трудот и анимирање на партнерските компании и купувачи во хуманитарни акции. Ова е уште една во низата активности почната од нашиот најдобар пријател „Бинго", за на децата и на младите да им овозможи среќен и исполнет живот во семејството, стои во соопштението.