
Минатата година извозот на храна од Хрватска во Словенија е зголемен за дури 49,5 отсто, со што оваа држава станува четвртиот најголем извозник на храна во Словенија.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Минатата година извозот на храна од Хрватска во Словенија е зголемен за дури 49,5 отсто, со што оваа држава станува четвртиот најголем извозник на храна во Словенија.
Имено, освен Хрватска најмногу храна во Словенија извезуваат Австрија, Германија и Италија. За ова сигурно придонесе сопственичката промена во словенечката прехранбена индустрија и трговија, оцени аналитичарот на пазарот на храна Алеш Кухар, пренесува „Сибиз", повикувајќи се на словенечкиот „Дело".
Според неговите зборови, со влезот на Хрватска во Европската унија и преземањето на „Меркатор" дојде до четрипати поголем увоз на свежо месо од Хрватска. Во истиот период, од истите причини зголемен е увозот на млеко и млечни производи за 25 отсто, а интересно е што порасна и извозот на шеќер од Хрватска од дури 2,13 отсто.
Словенија мора да се навикне на новата ситуација, иако хрватската прехранбена индустрија заостанува зад словенечката, во просек, онолку колку што Словенија заостанува зад Европаската унија. И покрај тоа, во Хрватска работат силни земјоделски и прехранбени компании како што е компанијата „Агрокор" која го презеде „Меркатор", објаснува Кухар.
Ивица Тодориќ, сопственик на „Агрокор", неколку пати потенцираше дека нема да ги фаворизира своите компании, туку дека на полиците на „Меркатор" ќе се најдат производи кои ќе бидат најконкурентни. Но, се покажаа точни очекувањата дека на полиците на „Меркатор" ќе се најдат производи произведени во компаниите што работат во рамките на „Агрокор", објавува „Дело".