
Хрватскиот синџир пекарници „Млинар“ ја отвори првата франшизна продавница во Србија, во центарот на Белград, прва од повеќето франшизни продавнции што планираат да ги отворат во Србија со партнерската компанија „Млинар Срб“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Хрватскиот синџир пекарници „Млинар" ја отвори првата франшизна продавница во Србија, лоцирана во центарот на Белград, на улицата Македонска бр. 11.
Како што соопшти компанијата, пекарницата во Белград е прва од повеќето франшизни продавнции што планираат да ги отворат во Србија во соработка со партнерската компанија „Млинар Срб".
Пекарницата нуди широк асортиман пекарски производи - бурек, пица, лиснати печива, лепчиња и сендвичи, подготвени по стандардите и според рецептурата на „Млинар".
Пекарницата „Млинар" е основана во 1903 година во Крижевци, Хрватска. Денес е синџир пекарници со 1.900 вработени, присутен на пет пазари: Хрватска (185 пекарници), Словенија (24), Унгарија (7), Босна и Херцеговина (1) и во Германија (1).
Покрај во сопствената малопродажна мрежа, брендот Minar е присутен и на други пазари, преку франшизниот деловен модел.
Првите франшизната соработка беше имплементирана во 2015 година во Словачка, а во 2016 беа отворени и франшизни пекарници во Австрија и во Швајцарија.