
Сите 76 продажни објекти на „Хофер“ во Словенија заедно со управниот центар, од почетокот на септември, ја носат ознаката „УНИЦЕФ безбедна точка“ (UNICEF Safe Spot).
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Сите 76 продажни објекти на „Хофер" во Словенија заедно со управниот центар, од почетокот на септември, ја носат ознаката „УНИЦЕФ безбедна точка" (UNICEF Safe Spot).
На почетокот на училишната година, продавниците на „Хофер" станаа место каде што помалите деца и адолесцентите можат да побараат лице за разговор и помош доколку имаат некој проблем.
Овој трговски синџир доброволно се приклучи кон акцијата „Од денес за утре", а вработените во текот на јуни имаа посебна обука за да можат да одговорат на новата задача.
На децата на кои им е потребен совет или помош може да ги побараат во една од 566 објекти на кои стои знакот „УНИЦЕФ безбедна точка" во 74 градови во Словенија. Во текот на минатата година помош побарале 63 лица.