
Трговската компанија „Хофер“ – Словенија доби сертификат за „Компанија пријател на семејството“ и позитивна оцена за мерките со кои на вработените ќе им овозможи уште полесно да ги ускладат семејниот и професионалниот живот.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Трговската компанија „Хофер" – Словенија доби сертификат за „Компанија пријател на семејството" и позитивна оцена за мерките со кои на вработените ќе им овозможи уште полесно да ги ускладат семејниот и професионалниот живот.
Словенечката подружница на меѓународниот трговски синџир подготви пакет мерки со многубројни погодности за вработените, од кои голем дел веќе и ги применува, сакајќи да создаде поттикнувачки услови за работа во „Хофер".
Постапката за издавање на сертификатот ја води институтот „Еквилиб", со поддршка од Министерството за труд, семејство и социјални работи и еднакви можности, како и од Европскиот социјален фонд.
„Хофер" си даде предизвик во претстојните три години да реализира девет мерки од областа на внатрешното и надворешното комуницирање, организацијата на работата, развојот на кадри и на организирање настани за вработените, како и за членовите на нивните семејства.
Особено внимание при дизајнирањето на мерките посветивме на тоа секому да му се овозможи што пооптимално да ги усогласи семејниот и професионалниот живот. Разноличната структура на вработените и различните работни процеси ни наметнуваат вакви, приспособени мерки, за што тимот што ги дизајнираше особено внимаваше, велат од „Хофер" - Словенија.
Покрај месечната плата, чиј износ е над просечните лични примања во индустријата, вработените во компанијата добиваат секојдневно бесплатно свежи овожје и зеленчук, кафе и чај, учество во многу спортски нaастани, здравствена грижа, дополнително пензиско осигурување, помош за идните родители, подароци за првачињата, како и продолжено породилно отсуство.