
Компанијата „Хепок“ Мостар, потпиша договор со фирмата „Ајман компани“ вреден милион евра за извоз на производите на оваа компанија на либискиот пазар.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Хепок" Мостар, потпиша договор со фирмата „Ајман компани" вреден милион евра за извоз на производите на оваа компанија на либискиот пазар.
Од компанијата изјавија дека се задоволни од договорената соработка со либискиот купувач, како и дека сè повеќе странски фирми покажуваат интерес за увоз на сокови и други производи од овој мостарски производител.
Тоа што и странските купувачи ги ценат производите на „Хепок" претставува факт дека производството се заснова на преработка на квалитетно домашно овошје, истакнува производителот.
Досега компанијата извезува производи во земјите од Европа и во Австралија, а со новиот договор производите за првпат се пласираат и на африканскиот континент.
„Хепок" дејствува во рамките на домашниот трговски синџир „Амко комерц".