
Компанијата „Хенкел“ - Србија прослави 15 години успешно работење во Србија, најавувајќи нови производи и нови инвестиции во следната година.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Хенкел" - Србија прослави 15 години успешно работење во Србија, најавувајќи нови производи и нови инвестиции во следната година.
На прес-конференцијата одржана по тој повод, Душан Антонијевиќ, директор на фабриката во Крушевац и Игор Ериќ, директор за логистика се осврнаа на изминатите 15 години успешно работење и го истакнаа значењето на новите проекти.

Душан Антонијевиќ, директор на фабриката во Крушевац
Фабриката „Хенкел" во Крушевац ги произведува светски познатите брендови на детергенти и средства за домашна хигиена, но и многу важните и популарни домашни брендови како што се Merix и Mer. Приватизацијата на „Мерима" и понатаму се смета за една од најуспешните приватизации во Србија, а компанијата реализираше многубројни проекти за модернизација и унапредување на производствената технологија во што се инвестирани повеќе од 20 милиони евра во последните 15 години, истакна Антонијевиќ.
Тој најави дека во текот на наредната година ќе почнат со производство на нов производ во погоните во Крушевац, кој освен на домашниот ќе биде пласиран и на пазарите во Европа, но не ги откри деталите за тој производ.
За 2018 година најавено е и проширување на производствените капацитети и нови инвестиции, истакнувајќи дека во минатите 15 години произведени се 1,2 милиони тони производи.
Директорот за логистика Ериќ зборуваше за поддршката што логистиката ја овозможува и покрај обемот на производство и проширувањето на работењето. Тој истакна дека третата фаза од проширувањето на складиштето е готова, а од јануари 2018 година почнува со работа целосно модернизираното складиште, што ќе се простира на површина од 20.000 м² и ќе има 15 рампи за камиони.