
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Хенкел“ ги претстави инвестициските планови врзани за новиот проект за производство на средства за домашна хигиена. Инвестицијата е вредна 30 милиони евра и ќе ги зајакне позициите на фабриката на „Хенкел“ во Крушевац, а благодарение на овој проект ќе бидат отворени до сто работни места.
Компанијата „Хенкел" ги претстави инвестициските планови врзани за новиот проект за производство на средства за домашна хигиена. Инвестицијата е вредна 30 милиони евра и ќе ги зајакне позициите на фабриката на „Хенкел" во Крушевац, а благодарение на овој проект ќе бидат отворени до сто работни места.
Плановите ги претставија претседателот на компанијата „Хенкел" – Србија, Кристоф Тил и директорот на фабриката во Крушевац, Феликс Соботка. Проектот претставува најголемо вложување на компанијата „Хенкел" во 2013 година во Србја, а почетокот на новото производство се очекува во втората половина на 2014 година.
Овој проект е од голема важност, не само за „Хенкел", туку и за локалната заедница во којашто работиме. Благодарение на квалитетот на своите брендови, „Хенкел" зазема водечка позиција во многу пазарни сегменти. Со континуираните вложувања во нашето производство во Крушевац, планираме да ја задржиме таа позиција и да ги исполниме очекувањата на нашите потрошувачи. Истовремено, позитивно влијаеме на развојот на локалната заедница и придонесуваме за економскиот развој на Србија, истакна Кристоф Тил.
Феликс Соботка додаде дека фабиката во Крушевац е од стратешко и од глобално значење за „Хенкел". Моментално снабдуваме 19 пазари ширум Европа од Србија. Со отворањето на новото производство дополнително ќе се зајакнат нашите извозни капацитети и големото значење што нашата фабрика го доби ИСО-сертификатот за енергетска ефикасност, додаде тој.
За компанијата
„Хенкел" е присутен во Србија од 2002 година, кога беше приватизирана фабриката „Мерима" – Крушевац. Во текот на првите десет години компанијата инвестираше повеќе од 130 милиони евра во Србија. Денес, „Хенкел" – Србија успешно работи на три локации во Белград, Крушевац и Инѓија, снабдува повеќе од 55 милиони потрошувачи во регионот и своите брендови од српската фабрика ги извезува на 19 регионални пазари и пазари од Европската унија.