
Компанијата „Хенкел - Цересит“ - БиХ на локалитетот „Дракуљица“ во Билеќа го означи почетокот на изградбата на фабриката која ќе има регионално значење и ќе вработува повеќе од десет работници, пренесува „Екапија“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Хенкел - Цересит" - БиХ на локалитетот „Дракуљица" во Билеќа го означи почетокот на изградбата на фабриката која ќе има регионално значење и ќе вработува повеќе од десет работници, пренесува „Екапија".
Директрот на „Хенкел-Цересит" – БиХ Предраг Армуш кажа дека новата фабрика е планирано да биде завршена до март, следната година и дека во неа ќе се произведуваат прашкасти производи наменети за градежништвото, како и производи за термоизолација на објектите. Производите се наменети за пазарите во БиХ, Хрватска, Црна Гора и Албанија.
Фабриката ќе заземе површина од 6.000 квадратни метри и се гради во согласност со највисоките технички, технолошки и еколошки стандарди: Производите со висок квалитет, кои се популарни во светот, ќе се произведуваат и во оваа фабрика, а се надеваме дека во иднина ќе претставуваме генератор за развој на стопанството во општината Билеќа, изјави Армуш.
Според неговите зборови, со завршувањето на изградбата на фабриката директно ќе бидат вработени триесетина работници, додека индиректно тој број ќе биде многу поголем.
Географската позиција на Билеќа е исклучително важна за „Хенкел-Цересит" - БиХ и сметаме дека со изградбата на оваа фабрика ќе обезбедиме долгорочен пораст и развој во работењето, додаде Армуш.