
Во фабриката на „Хенкел“ во Крушевац од први ноември, како дел од Мастерплан проектот, се пушти во употреба новата производна линија.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во фабриката на „Хенкел" во Крушевац од први ноември, како дел од Мастерплан проектот, се пушти во употреба новата производна линија.
Благодарение на оваа инвестиција вредна над два милиони евра, тука ќе се произведува меѓународниот бренд Bref за домашни и странски пазари, вклучувајќи ја и Европската унија. Како што објаснуваат од компанијата, ова е дел од Мастерплан проектот, кој подразбира преместување, автоматизација и зголемување на капацитетот на фабриката за течни средства. Во Крушевац, освен Bref, ќе се произведуваат и: Somat, Pur, Pril, Clin и Opti и ќе се извезуваат на пазарите ширум Европа. Џорџ Грасл, претседателот на „Хенкел" во Србија, изјави: Оваа година славиме десетгодишнина од работењето на „Хенкел" во Србија и има бројни причини што нас нè прават горди на успехот што компанијата го остварила во текот на тој период. Како резултат од нашето стратешко размислување, увидувањето на силата на домашниот пазар и бројните инвестиции, денес имаме можност да почнеме со ново производство во нашата фабрика во Крушевац. Со тоа ја покажуваме нашата посветеност на понатамошниот развој и ширење на деловните капацитети со нагласок на извозот во нови држави, вклучувајќи ги и државите од Европската унија.