
Компанијата „Хенкел“-Србија ја отвори новата фабрика Somat во Крушевац, инвестиција вредна 20 милиони евра, благодарение на која се отворени 50 нови работни места.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Хенкел"-Србија ја отвори новата фабрика Somat во Крушевац, инвестиција вредна 20 милиони евра, благодарение на која се отворени 50 нови работни места.

Како што е речено на отворањето, во фабриката ќе се користи најсовремената технологија која ќе донесе целосно нови производи на пазарот - таблети за машинско миење садови со растворлива фолија Somat, а од таму ќе се снабдуваат 36 регионални, европски и глобални пазари.
Новата фабрика Somat свечено ја отворија претседателот на Владата на Србија Ана Брнабиќ, Аксел Дитман, амбасадор на Германија во Србија, Душан Антонијевиќ, директор на фабриката „Хенкел"-Србија во Крушевац, Волфганг Вебер, глобален менаџер за одржлив развој, квалитет и дигитална трансформација, Михаел Чех, претставник на секторот за маркетинг за Централна и Источна Европа.
Душан Антонијевиќ, директор на фабриката во Крушевац, додаде дека „Хенкел" успешно работи во Србија веќе 15 години и дека досега се инвестирани повеќе од 200 милиони евра на српскиот пазар. Оваа инвестиција е уште еден доказ за стратешката улога на нашата фабрика во Крушевац и многу сме горди што успеавме да отвориме нови работни места, истакна тој.
Новата фабрика Somat е проект од исклучително значење за компанијата „Хенкел", како во Србија, така и на регионално и глобално ниво. Инвестицијата вредна 20 милиони евра во нов производствен погон има за цел да го поддржи развојот на нашето работење, спојувајќи ја светската стручност со локалното знаење, рече Волфганг Вебер, глобален менаџер за одржлив развој, квалитет и дигитална трансформација.