
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Хенкел Србија“ отвори нов магацин, во рамките на фабриката во Крушевац. Новиот магацин е наменет за регионално тргување во рамките на секторот детергенти и средства за чистење, што ги пласира производите на 20 регионални и европски пазари.
Компанијата „Хенкел Србија" отвори нов магацин, во рамките на фабриката во Крушевац. Новиот магацин е наменет за регионално тргување во рамките на секторот детергенти и средства за чистење, што ги пласира производите на 20 регионални и европски пазари.
Инвестицијата во овој објект е вредна повеќе од четири милиони евра. Според зборовите на Млаѓан Јовиќ, менаџер за планирање и логистика на секторот детергенти и средства за чистење за југоисточна Европа,овој магацин е одговор на константното зголемување на обемот на производство и решение за недостатокот од простор за соодветно складирање.
Магацинот е инвестиција вредна повеќе од четири милиони евра, а се простира на површина од 8.500 квадратни метри и има капацитет за складирање на 8.600 палети. Покрај значајниот придонес за производните капацитети и за безбедноста на работата, оваа инвестиција ќе придонесе и за одржливоста, што е особено важна за нашата компанија, истакна Јовиќ.