
Компанијата „Хенкел“ ја отвори новата фабрика во Крушевац, што претставува инвестиција вредна повеќе од 21 милион евра, благодарение на која ќе бидат отворени 220 работни места.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.

Компанијата „Хенкел" ја отвори новата фабрика во Крушевац, што претставува инвестиција вредна повеќе од 21 милион евра, благодарение на која ќе бидат отворени 220 работни места.
Новата фабрика е наменета за производство на производите Bref и од неа ќе се снабдуваат 22 регионални и европски пазари. Александар Вучиќ, претседател на Владата на Република Србија, Бруно Пјецанза, член на Управниот одбор на „Хенкел" на глобално ниво и извршен директор на секторот Детергенти и производи за домашна хемија и Војкан Мариќ, директор на фабриката „Хенкел" – Србија, во Крушевац ја отворија новата фабрика и го придвижија производствениот погон.
Новата фабрика за Bref е проект од исклучително значење за „Хенкел", како за Србија, така и на регионално и глобално ниво. Инвестицијата во новиот погон, во вредност од 21 милион евра има за цел да го поддржи понатамошниот развој на нашето работење, спојувајќи ја светската стручност со локалното знаење, рече Пјецанза.
Мариќ додаде: „Хенкел" успешно работи во Србија повеќе од 12 години и до сега, на српскиот пазар инвестирани се повеќе од 160 милиони евра. Оваа инвестиција е уште еден доказ за стратешката улога на нашата фабрика во Крушевац и многу сме горди што успеавме да создадеме нови работни места.