
На работниот состанок, организиран во просториите на „Хенкел“ – Србија на 4 септември, беше претставен проектот „Тејп-аут“, што подразбира употреба на лепило хот-мелт при пакувањето.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
На работниот состанок, организиран во просториите на „Хенкел" – Србија на 4 септември, беше претставен проектот „Тејп-аут", што подразбира употреба на лепило хот-мелт при пакувањето.
Проектот е реализиран како резултат на соработката на „Хенкел" – Србија со „Стентек", компанија за проектирање и производство на машини и системи за пакување и „Мелтек", службен дистрибутер на „Нордсон", мултинационална компанија за производство на индустриски лепила, изолатори и бои. Претставниците од компаниите ги претставија најновите лепила, апликатори од лепилата хот-мелт и автоматски системи за картонирање, како и ефектите од нивната употреба и тенденциите во таа област.
Благодарејќи на иновацијата во процесот на завршното лепење на кутиите со употреба на лепилото хот-мелт, наместо лепливата лента, се постигнуваат бројни придобивки: финансиска заштеда и заштеда на време, сигурност на содржината на кутиите и отпорност кон надворешни влијанија.
Унапредувањето на технологијата на пакување има за цел да ги развие квалитетите и да ги унифицира пакувањата што излегуваат на пазарот, но и да го намали трошењето на енергијата и репроматеријалите т.е. значајно да ја зголеми ефикасноста на производството. „Хенкел" како лидер на пазарот, постојано ги следи трендовите во развојот на технологијата и континуирано воведува иновации во своето работење.
Новите тенденции и технологии во областа на пакувањето се вистински пример за квалитетна и успешна соработка на сите партнери во овој проект. Заедно ќе продолжиме да поставуваме нови стандарди и да поттикнуваме иновации, рече Дејан Одаџиќ, менаџер за проекти и техничка поддршка за централна и источна Европа во секторот атхезивна технологија на „Хенкел" – Србија.