
Грчката компанија „Хеленик шугар“, која е сопственик на две фабрики во Црвенка и Жабаљ успеа да преработи 600.000 тони шеќерна репка и да произведе 73.000 тони шеќер.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Минатата година беше најкритична за индустријата за производство на шеќер во Србија, бидејќи површините засеани со шеќерна репка беа на историски минимум. Грчката компанија „Хеленик шугар", која е сопственик на две фабрики во Црвенка и Жабаљ успеа да преработи 600.000 тони шеќерна репка и да произведе 73.000 тони шеќер.
Компанијата ги радикализираше трошоците, благодарение на производството на фабриката во Црвенка и со повисоки продажни цени, успеа да ги исполни своите обврски и ја насочи минатогодишната загуба во позитивни резултати.
Компанијата почна со подготовка на кампањата за 2016 година за зголемување на производството за 50 отсто. Таквата цел бара производство во двете фабрики. Покрај поголемите инвестиции, се очекува и засадената шеќерна репка да даде поголеми приходи.