
По проверката спроведена од Центарот за сертификација на Халал-квалитетот во Хрватска, компанијата „ПИК Врбовец“ доби Халал-сертификат за свежо јунешко месо.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
По проверката спроведена од Центарот за сертификација на Халал-квалитетот во Хрватска, компанијата „ПИК Врбовец" доби Халал-сертификат за свежо јунешко месо.
Потребните подготовки за сертификација со овој сертификат од компанијата бараа осигурување на сите технички предуслови, едукација и вработување на личност што ќе ги работи сите активности поврзани со правилата на стандардот.
Исто така, процесот бараше и оспособување на одговорни личности во производството на месо, кои ќе го организираат и следат процесот на производство на Халал-производите.
Сертификатот во име на „ПИК Врбовец" го прими директорот на компанијата Мате Штетиќ, кој во оваа пригода истакна дека производите на компанијата ги носат сертификатите за ИСО, ИФС, ХАССП и ОХСАС стандардите, како и дека Халал-сертификатот дополнително ќе ги потврди технолошките и хигиенски услови во производствените погони на комбинатот.