
Агенцијата за сертификација на квалитетот Халал неодамна го врачи Халал сертификатот на месната индустрија „Карнекс“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.

Агенцијата за сертификација на квалитетот Халал неодамна го врачи Халал сертификатот на месната индустрија „Карнекс".
По низата спроведени и контролирани постапки во производството со сертификацијата се опфатени производите од говедско месо, а во наредниот период во план е сертифицирање на пилешката, говедската и рибната програма.
„Карнекс" е една од најголемите месни индустрии во Србија која, поради конкурентноста на домашниот пазар и поради извозот ја препозна неопходноста за имплементација на овој стандард.
По повод врачувањето на сертификатот, директорот на Агенцијата Самир Тандир изјави дека пазарите на Халал се извозна шанса за Србија и ја повика Владата на Србија да ги субвенционира компаниите кои го имплементираат стандардот Халал, бидејќи, како што истакна, тоа е премногу сериозен натпревар за фирмите да бидат препуштени самите на себе.
Со зголемувањето на извозот ќе го зголемиме и бројот на вработени во Србија, а тоа ќе се забележи во сите сегменти во животот, наведено е во соопштението на компанијата.