
За докапитализација на словенечкиот производител на минерална вода и пиво „Пивоварна Лашко“ заинтересирани се седум компании, а меѓу нив се и пиварниците „Хајнекен“ и „Карлсберг“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
За докапитализација на словенечкиот производител на минерална вода и пиво „Пивоварна Лашко" заинтересирани се седум компании, а меѓу нив се и пиварниците „Хајнекен" и „Карлсберг".
Словенечката компанија, која поради задолженост го продава уделот во „Раденска", докапитализацијата вредна 75 милиони евра, планира да ја заклучи во текот на следната година. Понудите за новите акции што ги даваат новите инвеститори, според неофицијални податоци, се движат од осум до 27 евра за акција.
Во процесот на докапитализација избраниот партнер ќе мора да ја објави понудата за преземање, со која мора да се согласат сопствениците на најмалку 50 отсто од акциите на „Пивоварна Лашко".