
Компанијата „Хајнекен“ – Хрватска го презема оперативното работење на „Лашко груп“ во Хрватска, стекнувајќи се со сто процентен удел.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Хајнекен" – Хрватска го презема оперативното работење на „Лашко груп" во Хрватска, стекнувајќи се со сто процентен удел.
На почетокот на април е завршен процесот на преземање на хрватската компанија „Лашко груп", која претходно беше во сопствеништво на „Пивоварна Лашко" од Словенија, така што таа е сега целосна интегрирана во компанијата „Хајнекен" – Хрватска. Договорот следуваше откако „Хајнекен" ги презеде „Пивоварна Лашко" и „Унион" во Словенија.
Со ова, компанијата „Хајнекен" – Хрватска го зајакнува своето пивско семејство, на кое ѝ се приклучуваат познатите брендови Laško и Union, вклучувајќи ги и радлерот Union и пивото Specijal, стои во соопштението на компанијата.
„Лашко груп" вработува триесетина луѓе, кои по завршувањето на процесот на преземање, стануваат дел од тимот на „Хајнекен" – Хрватска, а сите досегашни права и обврски на компанијата, ги презема „Хајнекен" – Хрватска.