
Понудата на „Хајнекен“ за преземање на „Пивоварна Лашко“ ја прифатија 43,49 отсто од сопствениците на акциите, со што холандската компанија го зголеми уделот во словенечката пиварница на 96,92 отсто.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Понудата на „Хајнекен" за преземање на „Пивоварна Лашко" ја прифатија 43,49 отсто од сопствениците на акциите, со што холандската компанија го зголеми уделот во словенечката пиварница на 96,92 отсто.

Понудата за преземање на „Пивоварна Лашко" и „Пивоварна Унион", „Хајнекен" ја објави на 17 ноември минатата година, а рокот истече на 15 јануари годинава. Понудата ја прифатија 4.030 сопственици на акции, чиј вкупен удел изнесува 43,49 отсто.
„Хајнекен", кон половината на октомври минатата година, на конзорциумот на продавачи им понуди 25,56 евра за акција. Тогаш, пиварницата доби дозвола за преземање на 53,43 отсто за акција во „Пивоварна Лашко" за 119,5 милиони евра, со дополнителна отплата на долгови. Со тоа стана мнозински сопственик на словенечката пиварница.
„Пивоварна Лашко Унион"
Новите сопственици го именуваа надзорниот одбор и го продолжија мандатот на седум години. Идната заедничка пиварница, со седиште во Љубљана, ќе се вика „Пивоварна Лашко Унион", а за претседател на управниот одбор е именуван Душан Зорко. „Хајнекен" ќе го задржи производството на брендовите Laško и Union.