
Советот за конкуренција во Словенија во наредните три или четири месеци треба да го одобри преземањето на „Лашко“ од страна на „Хајнекен“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Советот за конкуренција во Словенија во наредните три или четири месеци треба да го одобри преземањето на „Лашко" од страна на „Хајнекен".
Иако договорот за преземање меѓу двете пиварници, вреден 224 милиони евра, е постигнат уште во април, Советот не го одобри веднаш преземањето. Како што најавуваат словенечките медиуми, тоа се очекува да се случи најдоцна до октомври.
Според договорот, „Хајнекен" ќе плати 25,56 евра за акција на „Лашко", а по одобрувањето на Советот за конкуренција, холанѓаните ќе имаат 51,11 отсто од акциите.
Со оглед на големите долгови на словенечката компанија, поради што таа и мора да оди на продажба, „Хајнекен" ќе треба да плати околу 400 милиони евра.