
Сообранието на „Пивоварна Лашко“, на почетокот на април потврди дека компанијата „Хајнекен“ донела одлука за исплаќање на малите акционери.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Сообранието на „Пивоварна Лашко", на почетокот на април потврди дека компанијата „Хајнекен" донела одлука за исплаќање на малите акционери.
Како сопственик на поголемиот дел на пиварницата, „Хајнекен" за секоја акција ќе исплати 25,56 евра, колку што им е исплатено на конзорциумот продавачи, во текот на минатата година. Исто така, најавено е повлекување на акциите на „Пивоварна Лашко" од берзата. За отпремнина на околу 120 работници, што се прогласени за технолошки вишок, „Хајнекен" обезбеди 6,5 милиони евра, а за отплата на околу 700 мали акционери, обезбедени се 5,3 милиони евра.
Да потсетиме, кон половината на октомври минатата година, на конзорциумот продавачи, компанијата им понуди 25,56 евра за акција. Тогаш, „Хајнекен" доби дозвола за преземање на 53,43 отсто од акциите на „Пивоварна Лашко", во вредност од 119,5 милиони евра. На почетокот на годинава, „Хајнекен" го зголеми сопственичкиот удел во „Пивоварна Лашко Унион" на 97 отсто.