
Минатата година, групацијата „Панвита“ оствари добивка од 3,6 милиони евра, што е за 28 отсто поголема во споредба со минатата година.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Минатата година, групацијата „Панвита" оствари добивка од 3,6 милиони евра, што е за 28 отсто поголема во споредба со минатата година. Остварените приходи на групацијата изнесуваат 100 милиони евра, што се за 3 отсто помали од 2014 година.
Профитот пред оданочување се зголеми за 96 отсто, на 1,6 милиони евра. Како што истакнува претседателот на „Панвита" Петар Поланич, во 2014 година остварени се консолидирани приходи од 100 милиони евра. Минатогодишните помали приходи се резултат на пониските цени на пазарот, бидејќи обемот на производството останал на нивото од 2014 година.
Како што истакнуваат од компанијата, минатата година беше исклучително тешка за „Панвита", поради лошите пазарни услови на пазарот на свинското месо, кои сѐ уште не се нормализирани.