
Јужноафриканскиот фонд за недвижности „Гринбеј“ за трговскиот центар „Платен Туш“ во Копер платил 56 милиони евра.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Јужноафриканскиот фонд за недвижности „Гринбеј", кој котира на берзата во Маврициус, за трговскиот центар „Платен Туш" во Копер платил 56 милиони евра, а „Туш" и понатаму ќе остане најголемиот потстанар во објектот.

Групацијата „Туш" објави дека со „Гринбеј", кој имал најдобра понуда, потпишала купопродажен договор и договор за партнерство, според кои, „Туш" ќе остане во трговскиот центар.
Продажбата е продолжение на стратегијата за финасиска реконструкција на групацијата „Туш", која се повлекува од другите активности за да се фокусира на трговијата.
Задоволни сме со потпишувањето на овој договор, бидејќи ги остваривме најдобрите можни услови за сите учесници, рекоа од „Туш".
Коперскиот продажен центар се простира на речиси 32.000 квадратни метри, а годишно го посетуваат околу 3,5 милиони луѓе. Ова е првата инвестиција на „Гринбеј" во Словенија.