
Со желбата за поголем придонес во развој на заедницата, компанијата „Виолета“ заедно со граѓаните на БИХ, преку кампањата „Да помогнеме заедно“ собраа средства за социјално загрозените граѓани.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Со желбата за поголем придонес во развој на заедницата, компанијата „Виолета" заедно со граѓаните на БИХ, преку кампањата „Да помогнеме заедно" собраа средства за социјално загрозените граѓани.
Имено, сите што купиле производи од овој бренд, во период од 10 декември до 10 јануари, учествуваа во собирање на околу 51.000 евра донирани на неколку хуманитарни организации.
Воедно, „Виолета" е активна со хуманитарна кампања и на својата фејсбук-страница, така што за секој коментар од нејзините следбеници, донира по една марка. Собраните средства се наменети за оние граѓани на кои помошта им е најпотребна.