
По реновирањето на малопродажниот објект во зрењинската населба Граднулица, „Гомекс“ продолжи со реализација на планираните дејности, најавени на почетокот од годината.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
По реновирањето на малопродажниот објект во зрењинската населба Граднулица, „Гомекс" продолжи со реализација на планираните дејности, најавени на почетокот од годината.
Со новите дејности се опфатени објектите во Зрењанин, како и оние кои се наоѓаат на територијата на Војводина и Шабац, соопштија од компанијата.
Како што се додава во соопштението, обемната работа во преуредувањето на објектот во Граднулица беше завршена во планираниот рок. Со овој проект, продажниот капацитет на продавницата е зголемен за 30%, со што дополнително е овозможено асортиманско „засилување", односно зголемување на бројот на артикли.
Надворешноста на објектот е реновирана и дизајнирана на начин што значително не отстапува од околните градби во овој дел од градот. Целокупната внатрешност на продавницата е уредена во согласност со стандардите за малопродажните објекти на „Гомекс", што подразбира нови полици за изложување на производите за полесно купување, поставување на вертикални и хоризонтални замрзнувачи, произведени според највисоките европски барања, како и опремување на месарницата со побогата понуда на месо и преработки од месо, се додава во соопштението.