
Компанијата „Гомекс“ планира отворање на дополнителни 30 продавници и фокусирање на развојот на централниот дел во Србија, изјави Горан Ковачевиќ, основач и директор на трговскиот синџир.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Гомекс" планира отворање на дополнителни 30 продавници и фокусирање на развојот на централниот дел во Србија, изјави Горан Ковачевиќ, основач и директор на трговскиот синџир.
Ковачевиќ додава дека целите на компанијата се: зголемување на прометот за 20 отсто, унапредување на сервисите за потрошувачите, зголемување на платите на работниците и остварување профит.
Минатата година отворивме 16 нови продавници, многу од досегашните се реновирани, воведовме нови сервиси за граѓаните, а сепак успеавме и да заработиме, истакна тој.
Стратешкото определување на „Гомекс" е отворање продавници од 250 до 500 м² и фокусирање на прехраната.
Ваквиот формат на продавници бара добра позиционираност и поради тоа се нарекуваат „соседски".
Ова стана светски тренд, така што може да се каже дека ги следиме светските трендови, заклучи Ковачевиќ.