
Нов член во трговскиот синџир „Гомекс“, од 8 декември, е малопродажниот објект „Бајмок“, во истоимената населба во општина Суботица.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Нов член во трговскиот синџир „Гомекс", од 8 декември, е малопродажниот објект „Бајмок", во истоимената населба во општина Суботица.

Минимаркетот „Бајмок" се простира на продажен простор од 158 м2, а по завршувањето на обуката во тренинг-центарот на трговецот, вработени се осум луѓе. „Бајмок" располага со две каси, месарница, оддел за овошје и зеленчук и оддел за млеко и млечни производи.
На потрошувачите на располагање им е асортиман од речиси 3.000 производи.
Особено сме горди што и во овој маркет на потрошувачите ќе им понудиме многубројни производи од трговските марки на „Гомекс": 1/1, Uvek Treba, Panoni, Kvak и Graničar. Позитивните реакциите на оние што се уверија во високиот квалитет и достапните цени на месо и месни производи од линијата Graničar се добар знак дека и потрошувачите во „Бајмок" ќе го делат истото мислење, соопштија од „Гомекс".