
Компанијата „Гомекс“ вчера го отвори малопродажниот објект „Ковачица 2“ во истоименото место, по реновирањето што траеше една недела.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Гомекс" вчера го отвори малопродажниот објект „Ковачица 2" во истоименото место, по реновирањето што траеше една недела.
Реновираниот објект се наоѓа на улицата „Иво Лола Рибар", бр. 80, а се простира на продажен простор од 190 квадратни метри. Во асортиманот има околу 4.000 продукти од производите за широка потрошувачка. За услугата на потрошувачите се грижат 11 вработени, кои успешно ја поминаа обуката во тренинг-центарот „Гомекс" во Зрењанин.
Освен производите од основниот асортиман, што ја задоволуваат дневната потрошувачка, продавницата нуди и голем избор на свежо овошје и зеленчук, како и свежо месо на „Панони" во МАП-пакување (пакување во модифицирана атмосфера на гасови), што се пакува и стигнува директно од разладно-дистрибутивниот систем на „Гомекс", порачуваат од компанијата.