
Лутиот ајвар на „Подравка“ е претставен како еден од најдобрите примери на деликатесни намази во анализата на трендот на „суперхрана“ на пазарот во Полска, што ја изработи големата светска компанија за бизнис-истражувања „Минтел“
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Лутиот ајвар на „Подравка" е претставен како еден од најдобрите примери на деликатесни намази во анализата на трендот на „суперхрана" на пазарот во Полска, што ја изработи големата светска компанија за бизнис-истражувања „Минтел".
Како што покажало истражувањето, новите деликатесни намази присутни на пазарот во Полска потврдуваат дека потрошувачите сè повеќе се свртуваат кон исхрана заснована на овошје, зеленчук и житарки.
Ајварот на „Подравка" е посочен како богат со зеленчук, растителни влакна, витамини А и Ц, произведен без конзерванси и адитиви.
„Многу зеленчук и соодветен вкус, со ниско количество на маснотии - се својствата што го прават овој ајвар омилен прилог, незаменлив во разни комбинации, од практични сендвици до неизбежната скара", се наведува во извештајот.
„Минтел" важи за една од највлијателните светски компании за бизнис-истражувања, која ги следи и ги анализира трендовите во категориите храна и пијалаци. Извештајот се однесува на анализата за трендовите со „суперхраната" во Полска што била изработена во јуни, оваа година.