
За седум години во Бања Лука се затворени 500 мали продавници, а еден од најважните причини е ширењето на големите трговски синџири.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
За седум години во Бања Лука се затворени 500 мали продавници, а еден од најважните причини е ширењето на големите трговски синџири.
Сѐ помал е бројот на самостојни продавници, што може да се види од податокот дека во 2009 година имало 650 мали продавници, додека во 2016 година има само 150 продавници, изјави Богдан Марјановиќ, претседател на Асоцијацијата на самостојни трговци во регионот на Бања Лука.
Кога почнаа да се отвораат познатите модерни верзии на трговски центри, во 2006 година во Бања Лука постоеле само два поголеми центри – „Интерекс" и „Тропик". Сега, отворени се „Бинго", „Робот", „Корт", а се очекува отворање и на „Делта холдинг",„Бинго" – Тузла и заедничкиот центар на „Идеал компани" и „Тропик", што веќе почна со работа на терен.
Малите продавници опстојуваат во помалите општини и во руралните места, каде нема трговски центри, додека во поголемите градови сѐ помалку ги има.
Големите трговски синџири на своите полици имаат поевтини производи, бидејќи имаат можност, преку големи набавки, да ги условуваат доставувачите и производителите, додека ние ја немаме таа можност, објаснува Марјановиќ.
Борбата со конкуренцијата повеќе не се одвива меѓу големите трговски синџири и малите продавници, туку меѓу сѐ поголемиот број трговски центри, отворени од големите трговци.