
Компанијата „Беохемија“ и нејзиниот бренд Duel, добија неколку значајни признанија на саемот „Еуромолд“ во Дизелдорф.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Беохемија" и нејзиниот бренд Duel, добија неколку значајни признанија на саемот „Еуромолд" во Дизелдорф.
Како што е соопштено од компанијата, станува збор за еден од најпрестижните саеми од областа на дизајнот и развојот на производите.
Од вкупно 453 изложувачи од сите делови од светот, „Беохемија" доби диплома за исклучително достигнување во развојот на брендот Duel, како и диплома и златна статуетка за саемски настап.
Целта на европските интеграции мора да биде подигнување на квалитетот на нашите производи на европско ниво, а не пропуштање на производството на компаниите од развиените земји од светот. Доколку ги исполниме стандардите во нашата производствена пракса и на нашиот потрошувач му понудиме квалитет што го имаат потрошувачите од ЕУ, тогаш и европските ескперти ќе го препознаат тоа и ќе ја сметаат нашата компанија како важен дел од своите пазари, истакнуваат од „Беохемија".