
Виното Dingač 50° на хрватскиот производител на вино и на алкохолни пијалаци „Бадел 1862“ го освои престижниот голем златен медал на меѓународниот натпревар Concours Mundial de Bruxelles, кој неодамна беше одржан во Брисел.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Виното Dingač 50° на хрватскиот производител на вино и на алкохолни пијалаци „Бадел 1862" го освои престижниот голем златен медал на меѓународниот натпревар Concours Mundial de Bruxelles, кој неодамна беше одржан во Брисел.
Педесетгодишното искуство на „Бадел 1862" со виното од сортата дингач, неодамна беше надградено со виното Dingač 50° од категоријата „врвни вина", специфично за полуостровот Пељешац.
Dingač 50° е врвно вино, настанато како плод на успешната соработка на енолозите на „Бадел" со одбрани винари од Пељешац и е нов, модерен пресврт во производството на дингач.
Името на виното, Dingač 50°, е настанато според просечната косина на теренот на кој расте грозјето од сортата дингач. Таквата положба, како што велат винарите од Пељешац, му овозможува на грозјето да зрее на три сонца: од небото, од сонцето што се одбива од камењата и од сонцето што се рефлектира од морето.