
ДД „Кутјево“ освои шест признанија на натпреварот „Decanter world wine awards“ што се одржа во Лондон, а барањските „Вина Беље“ добија две признанија.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
ДД „Кутјево" освои шест признанија на натпреварот „Decanter world wine awards" што се одржа во Лондон, а барањските „Вина Беље" добија две признанија.
Највредните признанија за „Кутјево" се златните медали за Graševina Turković 2012и за ледената берба Traminac 2012. Покрај тоа, винарницата освои и бронзени медали за Graševina 2013, Maximo Bianco 2011 и за ледената берба Graševina 2011, како и признанието „Препорачано вино" за Graševina 2012.
Барањските „Вина Беље" оваа година на натпреварот се закитија со златен медал и со регионален трофеј за GraševinaGoldberg 2006.
Секоја награда е вредна за поголемо внимание на пошироката јавност, особено кај нас, затоа што сме на прагот на светската винска сцена, каде што навистина треба глобално да ѝ се претставиме на едуцираната винска публика, порачуваат од „Кутјево".
Секоја година „Decanter world wine awards" ја потврдува позицијата на најголем светски вински натпревар. Оваа година беа пријавени повеќе од 15.000 вина од целиот свет, а само 158 од нив освоија регионално злато.