
Годинава се очекува отворање на првите објекти „Лидл“ во Србија, што според министерот за трговија Расим Љајиќ, ќе биде корисно за потрошувачите и за конкуренцијата на овој пазар.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Годинава се очекува отворање на првите објекти „Лидл" во Србија, што според министерот за трговија Расим Љајиќ, ќе биде корисно за потрошувачите и за конкуренцијата на овој пазар.
Планот е „Лидл" одеднаш да отвори од 10 до 15 објекти во текот на годинава. Извесно е дека веќе во првата половина од 2018 година ќе биде завршен и логистичкиот центар, така што веќе не се поставува прашањето дали „Лидл" доаѓа во Србија, изјави Љајиќ за агенцијата „Бета".
Тој објасни дека претставници на овој синџир веќе разговарале со некои доставувачи на овошје и зеленчук во Србија и дека со отворањето на објектите ќе бидат вработени стотина луѓе.
Како и во другите земји, „Лидл" во Србија постепено ќе го зголемува бројот на малопродажните објекти, во зависност од работењето и од прометот.
Бидејќи во Србија досега немало ниту еден дисконтен синџир, Љајиќ истакнува дека влегувањето на „Лидл" ќе биде од корист и за потрошувачите и за трговските синџири, кои според него, ќе треба повеќе да се потрудат за да ги задржат купувачите.