
Членовите на Здружението на словенечки пиварници на годишниот состанок одржан на 5 март, се договорија да воспостават бренд „словенечко пиво“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Членовите на Здружението на словенечки пиварници на годишниот состанок одржан на 5 март, се договорија да воспостават бренд „словенечко пиво".
На состанокот беше истакнат проблемот со високите акцизи. За малите пиварници тие се намалени за половина, а за големите пиварници сè уште се многу високи. Според нив, тоа им пречи во поглед на конкуренцијата во ЕУ.
Акцизите за пиво и алкохолни пијалаци во Словенија се несразмерни со акцизите во ЕУ, бидејќи во Словенија се 1:1,5, а во ЕУ 1:3. Статус на мали пиварници можат да добијат оние кои произведуваат најмногу 20.000 хектолитри пиво.
Здружението на словенечки пиварници, кое претставува повеќе од 99 отсто од сите производители на словенечко пиво, годинава има намера да воспостави бренд „словенечко пиво", а истовремено јавноста ќе ја информира за одговорна консумација на пиво.
Словенечките пиварници годишно произведуваат нешто помалку од два милиони хектолитри пиво, од кои околу 1,5 милиони се пијат на домашниот пазар. Околу 40 отсто пиво се продаваат во угостителските објекти, хотели и ресторани, а другиот дел во продавниците.