
Во рамките на неодамна почнатата иницијатива за борба против дебелината на глобално ниво, компанијата „Кока Кола“ потсети и на активностите што со таа цел ги спроведува и во Србија.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
.jpg>)Во рамките на неодамна почнатата иницијатива за борба против дебелината на глобално ниво, компанијата „Кока Кола" потсети и на активностите што со таа цел ги спроведува и во Србија.
На потрошувачите во Србија им го понуди новото пакување на Coca Cola, како и нискокалоричните и некалоричните пијалаци Coca Cola Zero и Schweppes Coco Breeze.
Во исто време системот на „Кока Кола" во Србија со различните активности и проекти што ги спроведува во соработка со многубројните партнери од јавниот и приватниот сектор, како што се „Што тренираш", „Кока Кола куп" и „Белградски Кока Кола велосипедски денови", ги промовира темите за активен и здрав начин на живеење. Системот „Кока Кола" во соработка со Републичкиот завод за спорт почна со програмата за едукација на наставниците и лекарите за превентивни и тераписки вежбања. Овој проект се спроведува според методологијата на програмата „Со вежбање до здравје" на Американскиот колеџ за спортска медицина со поддршка на глобалната фондација „Кока Кола".