
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Австриската компанија „Гирлингер холдинг“ понуди 800.000 евра за купивање на „Митрос“ од Сремска Митровица, но конечната одлука за продажба ќе ја донесе Одборот на доверители, затоа што купувачот понуди помалку од 50 отсто од проценетата вредност, која изнесува околу 3,93 милиони евра.

Австриската компанија „Гирлингер холдинг" понуди 800.000 евра за купивање на „Митрос" од Сремска Митровица, но конечната одлука за продажба ќе ја донесе Одборот на доверители, затоа што купувачот понуди помалку од 50 отсто од проценетата вредност, која изнесува околу 3,93 милиони евра.
На конференцијата за новинари, Јохан Гирлингер, сопственик на компанијата од Австрија, потврди дека бил еден од понудувачите и дека сака, доколку стане сопственик на „Митрос", од јули да почне со производство.
Гирлингер најави дека во првата фаза ќе вработи 300 работници и ќе инвестира повеќе од осум милиони евра во нова опрема. Како што кажа, доколку понудата биде одбиени, постои резервен план за да остане во Сремска Митровица.
Тој објасни дека компанијата може да го задржи името „Митрос", кое ќе биде познато низ целиот свет, но додаде дека за тоа допрва ќе одлучуваат.