
Најголемиот приватен производител на месо во Европа, германскиот „Тенис“, до крајот на оваа недела ќе основа компанија во Србија, соопшти Стопанската комора на Србија.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.

Најголемиот приватен производител на месо во Европа, германскиот „Тенис", до крајот на оваа недела ќе основа компанија во Србија, соопшти Стопанската комора на Србија.
По основањето на компанијата во Србија ни претстојат големи вложувања во фарма на свињи, погони за производство на сточна храна, а подоцна, по достигнувањето на потребниот обем на примарното производство, и во фабрика за преработка на месо според стандардите на „Тенис". Производите ќе бидат наменети за домашниот, регионалните и светските пазари. Еден од нашите стратешки цели е соработка со доставувачите од Србија и пренос на знаења на српските производители, изјави Улрих Греве, претседател на „Тенис".
Според оценката на Марко Чадеж, претседател на Стопанската комора на Србија, инвестициите од оваа компанија се од стратешко значење за закрепнувањето на сточарското производство, подигнување на технолошкото ниво, јакнење на конкурентноста на српското земјоделство, вклучувајќи ги нашите производители од синџирот на „Тенис" и зголемување на српскиот извоз.
Уверен сум дека фармите и погоните на „Тенис" ќе постигнат модел за изградба и осовременување на постоечките објекти и постројки во Србија, рече Чадеж.