
Трговската компанија „Генеза“, доставувач на основни суровини за прехранбената индустрија, за годинава најави влез во производството.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Трговската компанија „Генеза", доставувач на основни суровини за прехранбената индустрија, за годинава најави влез во производството.
Годинава се решивме за еден голем стратешки чекор, кој ќе резултира со новина – покрај трговскиот, „Генеза" ќе добие и статус на производител. Целта е во новата сушилница, која планираме да стартува со работа во август, да почнеме со сушење и преработка на зеленчук, а подоцна и со процесот на сушење овошје. Освен сушењето, благодарение на новата инвестиција ќе имаме услови и за стерилизација, сортирање и дробење на производите, соопштија од компанијата.
Отворањето на новиот погон ќе создаде можности за соработка не само со домашни, туку и со странски партнери.
Најтешкиот дел е пред нас. Да го поставиме производството на најефикасен начин и максимално да го искористиме, да најдеме нови пазари и да ги потврдиме угледот и името на „Генеза" во улога на производител. Целото тоа, во услови на тешка економска состојба и несигурност, е дополнителен ризик за нашата компанија, но истовремено и огромен предизвик, истакнуваат од „Генеза".
Како што потсетуваат од компанијата, на купувачите веќе им е овозможено и онлајн-купување. Еден од чекорите за унапредување беше и тоа што обезбедија повисока фаза на преработка (мелење, стерилизација, пречистување) на одредени производи, а со тоа и полесна и побезбедна употреба на суровините за крајната преработка во процесот на производство.
Неодамна ја завршивме изградбата на логистички центар на ниво на европските стандарди, кои обезбедуваат подобри услови за чување и сортирање на производите. Со помош на системот баркод, имаме можност за следливост на целиот процес – од приемот на производите, преку преработката, сè до испораката до клиентите, наведуваат од компанијата.