
Во најголемиот град во Југоисточна Србија, компанијата „Гебрудер вајс“ отвори нов логистички центар.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во најголемиот град во Југоисточна Србија, компанијата „Гебрудер вајс" отвори нов логистички центар.

Како што е соопштено од компанијата, Ниш е еден од најважните индустриски центри во Србија, кој се наоѓа на важна крстосница меѓу Европа и Азија.
Новите канцеларии овозможуваат доволно простор за проширениот тим, а модерниот логистички и складишен центар овозможува одлични услови за складирање и за транспорт на стоките. Експертите за транспорт и логистика, освен меѓународен патен транспорт на стоки и логистика, како и поморски и авински транспорт, нудат и услуги за складишна логистика и дистрибуција на домашниот пазар, се додава во соопштението.
Ненед Петковиќ, директор на операции во „Гебрудер вајс", изјави дека тенденцијата на пораст на компанијата „Гебрудер вајс" продолжува и годинава.
Со отворање на логистичко-дистрибутивниот центар во Ниш, дополнително се зацврстува позиционираноста на компанијата „Гебрудер вајс" како неодминлива точка на важниот сообраќаен јазол на Балканот. Нашиот стручен тим на клиентите им нуди логистички решенија по мерка. Од новиот центар на југот од Србија, со најниски трошоци и точно на време, секојдневно ќе се доставуваат стоките до крајните корисници, истакна Петковиќ.