
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Само неколку месеци пред влезот на Хрватска во Европската унија, во „Гавриловиќ“ одлучија дел од своето производство компанијата да го пресели од хрватското Петриње во босанскохерцеговското место Читлук. Причината се очекуваните поскапувања на производите.

Само неколку месеци пред влезот на Хрватска во Европската унија, во „Гавриловиќ" одлучија, за да не ги изгубат пазарите од земјите од ЦЕФТА од каде што Хрватска мора да излезе, дел од своето производство компанијата да го пресели од хрватското Петриње во босанскохерцеговското место Читлук. Причината се очекуваните поскапувања на производите.
Како што велат од компанијата, во Читлук е постигната соработка со компанијата „Гипи", во чиј погон ќе се произведуваат обарените пилешки колбаси и полутрајните производи.
Се работи за помал, но нов погон што ги задоволува нашите потреби кога станува збор за капацитетите, опремувањето и стручноста на вработените, а локацијата во Читлук дополнително ја олеснува дистрибуцијата бидејќи таму е централното складиште на нашиот дистрибутер, објаснува произведувачот, додавајќи дека со влезот на Хрватска во Европската унија производите извезени од Хрватска во БиХ ќе поскапат за 50 отсто поради царинските бариери кон земјите надвор од Унијата, што би можело да ја загрози продажбата на производите на босанскиот пазар.