
Луксембуршката компанија „Аелиус“, зад која стојат инвестициски фондови од Бразил, е речиси извесно новиот сопственик на српската фармацевтска копманија „Галеника“, јавуваат српските медиуми.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Луксембуршката компанија „Аелиус", зад која стојат инвестициски фондови од Бразил, е речиси извесно новиот сопственик на српската фармацевтска копманија „Галеника", јавуваат српските медиуми.
Комисијата за продажба, како што се наведува во написите, му препорачала на Министерството за стопанство да одобри понатамошно учество во постапката на „Аелиус", а да ја дисквалификува понудата на белградската компанија „Амикус СРБ" зад која стои инвестициониот фонд „ХБМ Швајцарија".
Министерството за стопанство на Србија на почетокот од септември распиша тендер за продажба на 93,7 отсто од капиталот на „Галеника", со почетна цена од едно евро, со обврска купувачот да уплати 25 милиони евра за покривање на долговите на компанијата кон банките.
Понудата од „Аелиус" е во износ од 16 милиони евра.